48-годишниот фотограф Ларс Крукс, кој долги години работи во агенцијата „Caters News“, заедно со неговата сопруга тргнал „во потрага“ на скриената пештера во Виетнам. Белиот песок и тиркизната вода се карактеристики кои мамат огромен број љубопитни авантуристи да ја посетат Ханг Ен. Голем број кампери преноќуваат на плажата широка 150 и висока 130 метри. Уникатното опкружување и необичната природа претставуваат вистински рај за сите патувачи.






