Мојата кујна

Малку поинаква супа

Веруваме дека поголем дел од вас никогаш не го употребиле чајот како составен дел на некој рецепт. Интересно е дека во многу земји тој се користи за маринирање на месо, за подготовка на супа и ред други специјалитети. Денес ќе ви предложиме неколку рецепти кои се подготвуваат со различни видови чај. Се препорачува чај од камилица, планински чај , зелен чај, црн чај, итн. Дозволено е да експериментирате со други видови чај.

Со помош на чајот, супата добива сосема нова димензија. Особено се препорачува ако подготвувате супа од зеленчук. На пример, за супа од моркови се потребни следниве:

СОСТОЈКИ
• 400 грама морков
• праз и кромид
• 2 лажици путер
• 2 листа од ловор
• 3 каранфилчиња
• сол и бибер
• 4 лажици Ерл Греј
• 330 мл вода

ПОДГОТОВКА

Сварете го чајот по вообичаена постапка и оставете го да отстои 5 минути. Зеленчукот исечкајте го на коцки и потоа прелијте го со чај. Додадете ловоров лист и каранфилчиња и варете 15 минути. Потоа, смесата добро миксирајте ја, додадете сол и бибер по вкус и прелијте ја со павлака за готвење.

Напиши коментар