Убавина

Маска за уморна кожа – пилинг од кафе

Повеќето жени пијат кафе секој ден и по неколку пати дневно. Искористете ги предностите на црното кафе и од талогот без шеќер направете пилинг маска за освежување на уморната кожа. Познато е дека кофеинот многу брзо се апсорбира и помага да се ослободат токсините од кожата.

Состојки:

  • 1 лажица исцеден талог од сварено кафе
  • 1-2 лажици млеко за чистење лице
  • 1 лажица мед

Во стаклен сад измешајте го талогот од кафе со медот. Додадете го млекото и добро измешајте.

Нанесете ја смесата на лицето и деколтето и нежно масирајте. Потоа оставете маската да делува десетина минути. Кофеинот поради антиоксидантните својства ќе ги отстрани токсините од кожата, ќе ги намали црните кругови под очите, црвенилото и го успорува стареењето, додека медот ја обновува кожата и ја прави мека и еластична.

Напиши коментар