Sweet Home

Мебел-Ви сo нов ексклузивен изложбен салон во Битола

Тргнувајќи од својата определба да понуди врвен квалитет, достапен производ за секого, како и поставената мисија да се доближи нашата понуда до крајните корисници Мебел-Ви со задоволство Ве известува дека отвори нов продажен-изложбен салон во Битола.

001

За таа цел се решивме да понудиме нов концепт на продажба и купувачки искуства. Големиот продажен центар со површина од 2.300м2, сега станува совршено место за секој кој бара исклучителен квалитет, достапна цена и голем избор. На една локација може да се најде целокупниот асортиман на производи на Мебел-Ви, како и производите од ексклузивната колекција на брендот Mondivi.
Салонот кој сега функционира како централен продажен објект на групацијата МебелВи во тој дел од Македонија, ќе ги покрива регионите на Битола, Ресен, Охрид и Струга и со тоа ги исполнуваме барањата на купувачите од тој регион. Во самиот салон ќе биде достапна и понудата на супер квалитетни душеци за спиење Allegro, како и производи од економичниот сегмент, брендот Статус.

02

Ве покануваме во новиот салон, лоциран на Краварски пат (патот кон Меџитлија), на многу изненадувања, попусти и промоции по повод отворањето кои ќе траат до крајот на оваа недела. Салонот е отворен од 08:00 до 20:00 часот од Понеделник до Сабота.
Со почит,
Мебел-Ви

Напиши коментар