Своите ситни несовршености сокријте ги со тоа што ќе ги нагласите оние делови кои ги сметате за најубави, независно од тоа дли се работи за очите, усните образите…
Очите направете ги уште поголеми
Доколку имате буцкасти образи, вниманието насочете го кон очите. Нагласете ги горните агли на очите со црно моливче и маскара. Колку што се нагласени очите и изгледаат поголемо, толку потенко ќе изгледа остатокот од вашето лице. Притоа внимавајте, маскарата нанесете ја само на горните трепки, но не и на долните, бидејќи така визуелно ќе ги намалите.
Нагласете ги усните
Ако сакате моментално да изгледате потенко, нагласете ги усните. Ако усните се мали, остатокот на лицето споредено со нив ќе изгледа крупно. Откако сте нанеле кармин, на средината на усните нанесете сјај. Така визуелно ќе ги зголемите. Исто така, избегнувајте го моливчето за усни затоа што тоа визуелно ги ограничува и намалува.
Со вистинската пудра намалете го носот и образите
За визуелно да ги намалите образите, под јагодиците нанесете бронзер кој е за нијанса потемен од вашата кожа, а на јагодиците нанесете лесно розов. При нанесувањето внимавајте да не се познава преминот од едниот во другиот бидејќи ќе постигнете спротивен ефект.
За да го намалите носот, нанесете потемна пудра под носот и на неговиот врв. А доколку сакате широкиот нос визуелно да го стесните, нанесете потемна нијанса на пудра од двете страни на носот, а на мостот нанесете посветла.