Незамислив комфор, луксуз и неверојатната животна средина се идеи кои се основа за дизајнот на куќата Heinz Julen во Зермат, Швајцарија…
Осмислен од страна на локалниот дизајнер Heinz Julen, овој неконвенционален дом е мешавина од челик, текстура бетон, дрво и стакло, а резултатот е местото за живот да изгледа како да е од соништата. Најспектакуларниот аспект на овој дом најверојатно се прозорците од подот до таванот, високи неворојатни шест метри, кои обезбедуваат сосема доволно природна светлина и убави погледи на околината. Според официјалниот опис на проектот, неколку елементи вградени во просторот за живеење се особено вредни за споменување: прекрасно осветлена маса која може да се подигнува и спушта, бидејќи е закачена на таванот, прекрасно Steinway пијано во еден агол и голем тросед пред каминот, кој е направен во еден од стаклените ѕидови. Овој дом има структура на две нивоа.