Теќе е местото каде порано престојувале дервишите. Дервишите биле гостопримливи и љубезни луѓе.
Овој пат ви ги претставуваме двете теќиња Арабати кое се наоѓа во близината на Тетово и Благај во близината на Мостар во Босна и Херцеговина.
Арабати Баба Теќе
Арабати теќето во Тетово е лоцирано во подножјето на Шар планина на излезот од Тетово кон Гостиавар.

Теќето е изградено во 18 век од Реџеп паша и неговиот син чии имиња се врзуваат и за изградбата на Шерената џамија во Тетово и за Тетовското кале.

Легендата вели дека основачот на ова теќе бил сиромав човек со скината облека, а така облечените луѓе Турците ги викале арабат и токму затоа денес теќето го носи тоа име.

Местото плени со природна убавина и духот на историјата која испарува од секое камче во овој предел.
Благај Теќе
Благај теќето се наоѓа во Благај, во областа Херцеговина јужно од Мостар. Во близината на Благај има и рибен ресторан каде можете да уживате во природата. Поточно ресторанот е сместен во дворец од 15-от век.

Ова теќе е изградено во 1500 година со елементи од Отоманската архитектура и примеси на медитеранскиот стил. Најверојатно го добило своето име поради „благата клима“ па од зборот „блага“ го нарекле и местото Благај.

Доколку сакате да го посетите ова место, добро е затоа што има организиран превоз кој за кратко време ќе ве пренесе до Хрватска и Црна гора.

