На прекрасниот брег на Јадранското море на импресивни 57 илјади квадратни метри се протега модерниот ресорт “Dubrovacki Vrtovi Sunca”, 11 километри оддалечен од прекрасниот град Дубровник. Минималистички уреден, ресортот е опкружен со градини со богата вегетација, типично за подрачјето на Дубровник, а во склоп на ресортот се наоѓаат три надворешни базени, разновиден избор на ресторани и барови, спортски и СПА центар.
Ненаметливата елеганција и стилскиот дизајн се одлика на секоја од собите и резиденциите во Вртови Сунца. Врвниот квалитет на изработка се рефлектира во секој детаљ, а внимателно одбраните бои и материјали ја прикажуваат убавината на природата на овој дел од Јадранот.






