Мода

Мини сукњите кои ќе се носат оваа зима

Постојат повеќе начини на кои можете да носите мини сукња во текот на ладните денови без да смрзнете.

Најважно е да пронајдете модел кој ви одговара, а кој е изработен од квалитетни материјали како волна, плиш и кожа.

Секако морате да имате во вид што комбинирате со нив за да постигнете тренди аутфит.

Ви ги претставуваме најактуелните модели кои ќе се носат оваа зима.

Антилоп сукња со копчиња…

Овој модел можеме да кажеме дека ја одбележи 2015 година. Антилоп сукњата е универзална, и може да се носи во секоја сезона.

Сепак најголем предизвик за комбинирање е токму зимата, каде што може да се искомбинира со парчиња на различни материјали и структура. Кожа, крзно, свила, памук…

antilop suknja 01

Кожна сукња…

Освен што е топла, таа е многу тренди и шик. Бирајте неутрални нијанси како кафена, црна или бордо и носете ја со бела кошула. На крајот целата комбинација заокружете ја со високи штикли и бидете сигурни дека имате одличен зимски аутфит.

kozna suknja 02

Каро сукња…

Карото е вечно. Па затоа оваа сукња мора да се најде и во вашиот плакар.

karo suknja 03

Асиметрична сукња…

Асиметричниот крој е хит оваа сезона. Сама по себе ваквата сукња е впечатлива па затоа ви препорачуваме да ја комбинирате со едноставно парчиња.

asimetricna suknja 04

Балон сукња…

Сукњата со голем волумен ќе ја издолжи вашата фигура и ќе стави акцент на вашите нозе.

balon suknja 05

 

Напиши коментар