Sweet Home

Модерен дом на Сардинија

На италијанскиот остров Сардинија е изграден модерен дом, дело на украинските архитекти Ирина Ѕимисјук и Виталиј Јуров, кој се карактеризира со грандиозност и простран ентериер со бакарни и мермерни елементи и високи тавани.

Токму високите тавани и големните прозорци ја прават грандиозноста на целиот простор, каде различните текстури се така вклопени што оддаваат впечаток на целсона хармонија и баланс. Во дневната соба е поставена гарнитура за седење со светла боја, клуб маса и големи фотелји, што на целиот простор му дава помалку деловен изглед. Во централниот дел на куќата се наоѓаат трпезариска маса и столици со футуриситчки изглед над кои виси лустер, кој помалку има рустикални карактеристики. Сепак, ваквата комбинација на целата трпезарија и дава модерен изглед, со елемнти на дизјанот од некои минати времиња. Во просторот наменет за дневен престој доминира ѕид прекирен со бакарни плочки со шестоаголна форма, кон идеално се вклопува мебелот со едноставни линии и модерен дизајн.

Низ целата куќа има и елементи од мермер, кои на ентериерот му даваат дополнителна елеганција и шарм, додека природните дрвени подови го прават просторот потопол и поудобен. Во дворот на куќата има базен со вгаредно осветлување, кое им овозможува на сопствениците да креираат атмосфера во зависност од моментното расположени. Дополнителен шарм на дворот му даваат палмите и местото за скара, кои овој простор го прават иделно место за уживање, забава и опуштање.

Сардинија куќа 2

Сардинија куќа 4

Сардинија куќа 5

Сардинија куќа 6

Сардинија куќа 3

Сардинија куќа 7

 

 

 

 

Write A Comment