Sweet Home

Модерна куќа во Амстердам

Веќе е познато дека сите нови проекти во Амстердам зрачат со својата едноставност.

Па така ни оваа семејна куќа чиј дизајн го потпишува креативниот тим Egeon Architecten не е исклучок.

Семејната вила се наоѓа на островот Rieteiland-Oost и нуди прекрасна дневна соба и работен простор. Има и три нивоа на живеење, а на долното ниво се наоѓа отворена дневна соба, приватните простории се во центарот, додека пак канцеларискиот простор е најгоре на врвот.

Според зборовите на архитектите, куќата е изградена со јасен мотив – одржливост. Има подно греење, природна вентилација, висока изолациона вредност и отпорно стакло. Па така поради сето ова ја нарекуваат паметна куќа.

 

Write A Comment