Оваа прекрасна куќа, се наоѓа во San Luis Potosi, во Мексико…
Домот е замислен како простор кој нуди мнугу приватност за еден пар кој мора да се навикне на нов, помалку динамичен начин на живот. Куќата е окружена со чврст зид од цигли и има мало отворено џакузи, за опуштање. Целиот проект е во 2012. завршен од страна на архитектонското студио Grupo Volta, и најверојатно е една од најубавите куќи во ова мало мексичко градче.
Куќата е пространа и транспарентна, и ја пропушта светлината внатре низ прозорите кои се простираат од подот до плафонот.
Елегантна, уредна и модерна, и со модерни парчиња намештај, дневната соба е со стакло одвоена од терасата. Украсена со прекрасни лустери од метал кои висат на плафонот, оваа соба е посебно декорирана.