Кога станува збор за аксесоарите и конкретно за накитот, трендот гласи вака: Колку поголемо, толку подобро!
Големите и необични парчиња накит владеат, па затоа тука сме ние со нашите оргинални идеи да ви помогнеме да имате богата колекција фенси парчиња што ќе ги направите сами. Вакво парче накит ќе имате само вие, бидејќи е дело на вашите раце, па затоа вие ќе бидете единствена и препознатлива!
Да не губиме време со премногу суперлативи и да почнеме со работа. Процесот е едноставен, а фотографиите што следуваат детално го објаснуваат секој сегмент од работата.
Вака изгледа крајниот производ:

Се што ви е потребно:

Сиџир по ваш избор, може да биде помал или во сребрена боја, но моментално златната боја е во тренд. Изберете украсни камчиња по ваш вкус, но нека бидат поголеми, бидејќи полесно се работи со нив. Потребен ви е и еден интересен впечатлив брош, квалитетно универзално лепило, и пинцета за апликација. Потребна ви е и подлога врз која ќе ги лепите цирконите.


Цирконите еден по еден се лепат врз подлогата…


Брошот е како јагода на шлагот…


Оставете неколку милиметри од подлогата за да може да се направи отвор за прицврстување на синџирот…



