Како што растат температурите, така се случуваат сè повеќе свадби околу нас. Сезоната на свадби е тука, а променливото време не ни дозволува да се облечеме премногу летно и да се разголиме. За ваша инспирација, подготвивме избор од аутфити пригодни за пролетна свадба, во кои ќе изгледате феноменално на следната свадба на која ќе бидете поканети.









