Секоја сезона, на било кое парче облека некако ригите мора да се присутни.
Ситни, крупни, впечатливи, широки, тенки, вертикални или хоризонтални риги секогаш имале место на нашата облека, особено кога е во прашање пролетната или летната сезона.
Ригите го освежуваат и му даваат целосно нов изглед на нашиот стајлинг, а истовремено се елегантни и опуштени. Се може да биде интересно ако му додадете риги, особено впечатливи во јарки бои и интересни насоки.
Ако сакате деловен изглед, можете да одберете сукња со риги и нежен аксесоар како и стилето штикли.
За женствен изглед препорачуваме високи штикли, фустан на риги или сукња со риги и вовлечена бела кошула, црвен кармин и коса врзана во висока пунџа или благи локни.
Погледнете ги следниве комбинации и пронајдете ја својата инспирација…




















