Трендовите се менуваат побргу од годишните времиња. Сепак, непотребно е да зборуваме за секогаш величествената класика, таканаречена кожна јакна…
Без разлика дали е изработена од вистинска или еко кожа, сите ќе се согласиме за ефектот кој го постигнува, особено во Пролетта. Кожната јакна е задолжително парче облека кое не треба да биде сугерирано само од модниот бизнис. Ова парче облека, нека стане секојдневие, кое Ве топли и во формалните и во опуштените пригоди.
Во зависност од кожата, кожните јакни можете да ги најдете и во поскапи но и во поевтини варијанти. Можете да одберете и струкирани, на асиметрично закопчување, но и такви на класично закопчување.
Изборот на бои и модели е голем… Ваше е да се одлучите за едно парче кое само ќе го потенцира Вашиот урбан стил и ќе Ви направи големо задоволство, комбинирајќи го со Вашата омилена гардероба.












