Главниот град на Русија е место кое со големо задоволство во себе го чува модерното и традиционалното. Вревата на градскиот живот се гледа секојдневно, баш како и во секоја друга светска метропола, но во текот на зимата, Москва своето модерно руво го заменува со царско и бајковито и за време на празниците станува град како од зимските бајки.
Авторката на овие фотографии, Кристина Макева, успеала да ја долови убавината на градот и да направи да изгледа како мала бајка во која се комбинирани белата боја на снегот и шаренилото на новогодишните сијалички.














