Измиј те се наутро и по еден час притиснете парче хартија врз делот помеѓу веѓите. Истата постапка повторете ја и пред легнување, по чистење на лицето. Во делот помеѓу веѓите се наоѓаат најмногу лојни жлезди. Ако на хартијата се појават мрсни траги, тогаш тоа може да укаже на проблем.
Причина: забрзаното лачење маснотии може да биде причинето од хормонска нерамнотежа во организмот. Масна кожа, плус појава на влакна на лицето и истенчување на косата обично е резултат на покачено ниво на тестостерон во крвта. Но и вишок на прогестерон исто така може да предизвика засилено лачење маснотија. Резултат? Многу мрсна кожа во текот на целиот ден.
Решение: ако ве мачат и други проблеми, како што се зголемена влакнетост на лицето и нередовен менструален циклус, обратете се на гинеколог за да го проверите хормонскиот статус. Употребувајте мат-пудри за впивање на вишокот маснотии од лицето и еднаш неделно нанесувајте маска на база на глина.