ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 лажици путер
120 gr темно чоколадо
половина лажичка кафе
2 јајца
3 лажици шеќер
половина лажичка ванилин шеќер
½ шлаг
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во замрзнувач оставете една шолја која понатаму ќе ја искористите за шлагот. Потоа во еден сад поставен на пареа истопете ги путерот, чоколадото и кафето. Откако ќе се истопат состојките оставете да се изладат. Додадете две жолчки од јајце во мешавината и ставете ја смесата во фрижидер. Во меѓувреме, додека се лади смесата, изматете ги белките и додадете две лажици шеќер. Сега извадете ја шолјата за шлагот од фрижидерот и додадете му една лажица шеќер и малку ванилин шеќер. Потоа извадете ја од фрижидер смесата со чоколадо и кафе и на неа додадете го шлагот. Вашиот мус е готов!
