На шест години вашето дете веќе би можело само да се капе, но вие морате да процените дали е подготвено за тоа. Во тоа можат да ви помогнат неколку прашање, на кои веќе ги знаете одговорите.
Вашето дете и натаму си игра со играчки додека се капе или сака да учествува во капењето, бара да го држи сапунот или тушот?
Дали умее само да се насапуни и да ја измие нечистотијата од себе?
Дали умее само да влезе и излезе од кадата и дали е доволно внимателно при тоа?
Дали вашето дете може да стори неколку работи по одреден редослед без потсетување?
Доклку одговорите на овие прашања се позитивни, можете на детето постепено да му дозволите само да се тушира.
Додека вие го капете, учете го полека, чекор по чекор, како само да ја изврши секоја активност посебно, под ваш надзор. Бидете покрај него и наблјудувајте го детето како го прави тоа.
Откако сте одлучиле дека вашето дете може самостојно да се капе ви преостанува уште да му обезбедите сигурност во кадата или туш кабината. Научете го како да ја подесува топлата и студената вода.
Отстранете ги сите опасни предмети и хемикалии, како бричеви и средства за чистење. Ставете гума на дното на кадата или туш кабината за вашето дете да не се лизне и падне.
