Дестинации

На овие места патувајте сами!

Некои од најпривлечните и најинтересни места во светот се воедно и најкомплицирани за посета. Погледнете каде ни најголемите светски патници не би требало да се упатата без организирани групи или придружба.

Иако многумина, организираните патувања ги доживуваат како ноќна мора во која мора да се придржуваат до строгиот распоред и однапред планираните тури, не треба да се заборави дека постојат места на кои ќе пропуштите многу без водич.

Русија – Иако документацијата и бирократските ограничувања се многу помали од советските времиња, да се дојде до Русија не е така едноставно. За посета на таа земја неопходно е повикувачко писмо од домаќинот или од туристичка агенција. Но тоа е само почетокот на проблемите со неопходни документи. Корупцијата и понатаму е присутна и нема да биде чудно и на улица да ве застанат и да ви бараат „документи“. Тоа е и еден од начините да ви извлечат пари, па затоа секој посетител на Русија би требало со себе да има локален водич кој ќе му помогне да се снајде во секоја тамошна збрка која ќе му излезе на патот.

Кина – Обиколка на Кина за многумина е нешто кое ќе успеат да си го овозможат еднаш во животот, па треба да се избегне опасноста – поголем дел од патувањето да се помине во организирање на превоз од еден до друг град. Непремостливата јазична бариера ги отежнува и наједноставните работи како снаоѓање по градот или вечера во ресторан. Не треба да се заборави дека многу туристички атракции се наоѓаат во зафрлени провинции. Покрај тоа што ќе ви помогне да се снајдете, водичот низ овие предели ќе ја намали можноста да ве ограбат, измамат и искористат.

Галапагос – Овој егзотичен остров кој е дом на многу животински видови како ретките птици и џиновските желки, е незамисливо да го обиколите без стручна придружба. Искусен водич ви е потребен за движење низ 13 главни острови на кои се скриени домовите на поедини ретки видови. Со добар водич покрај турите со брод ќе можете и да пешачите за да го запознаете подобро овој национален парк.

Египет – Политичките немири по рушењето на Мубараковиот режим одвлече многу туристи од оваа атрактивна дестинација. Меѓутоа, пирамидите и понатаму се магнет за туристи, па мудро е на пат за таму да тргнете добро организирани со водич кој ги познава и разбира тамошните случувања.

Индија – Со оглед на фактот што околу 600 милиони жители на ова земја немаат заводолителни санитарни услови, бактериските инфекции претставуваат голем проблем и често се шират низ валкана вода. Затоа нека не ве чуди што скоро секоја година околу 10 милиони туристи заболуваат од стомачни тегоби. Добриот водич ќе ве води до најчистите ресторани, а ако има потреба ќе ве упати и на сигурен лекар.

Write A Comment