Крцкави, меки, превкусни пирошки! Има ли некој кој не ги сака! Еве еден брз рецепт за пирошки со сирење за кој не ви е потребно многу време ни вештина. Се служат со јогурт или кисело млеко. Пријатно!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 400гр ситно сирење или фета
* 3 јајца
* 2дл јогурт
* 1-2 лажичиња сол
* 1 пециво
* 500гр брашно
* масло за пржење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Иситнете го сирењето, па додадете ги јајцата и останатите состојки. Замесете тесто, потоа ставете го на површина претходно попрскана со брашно и расукајте го со сукало. Тестото треба да биде дебело колку еден прст. Сечеете го на правоаголници или коцки по желба и секој засечете го малку на средина. Пржете ги пирошките во врело, длабоко масло, додека не добијат златна боја од двете страни.