Иако суеверните сметаат дека во престапна година свадбите треба да се избегнуваат, во 2016 година постојат среќни датуми кои се идеални за да го кажето судбинското „да“. Така барем тврди Лаверли, објавувајќи ги деновите кои се најдобри и најоригинални за венчавање.
Понеделник 29 февруари 2016
Да се венчате на 29 февруари е оригинална и многу практична работа. Освен ако не сте суеверни. Прашувате зошто е практична? Затоа што годишнините од бракот ќе ги славите секои четири години и со тоа -прво ќе заштедите пари, а второ – со поголема радост ќе ги дочекувате годишнините. Уште поинтересно е што 29 февруари „паѓа“ во понеделник, па ќе ги избегнете и гужвите во матичното.
Сабота 9 април, 2016.
За математичарите, нумеролозите и луѓето кои гледаат симболичност во бројките, броевите – 4, 9 и 16 се квадратни броеви и значат одлични датуми за „врзување јазол.”
Петок 13 мај 2016.
Петок 13-ти ќе се случи само еднаш во 2016 година – во месецот мај. Повеќето луѓе ќе се држат понастрана од овој датум, верувајќи дека носи лоша среќа. Некои пак, би можеле да го одберат токму овој датум за венчавање, и најоригинално со тоа да докажат дека нема логика во суеверието.
Сабота 28 мај, 2016.
Совршен датум за свадба кој е во знакот и на пролетта и на летото пред да пристигнат големите жештини.
Сабота 3 септември, 2016
Првиот викенд од септември е секогаш добар избор за свадба, летото е се уште во воздухот, но жештината е зад нас.
6 октомври и 6 ноември, 2016.
Палиндром е збор, фраза или код кој исто гласи прочитан од лево кон десно и обратно. 6/10/16 и 6/11/16 се палиндормски датуми кои би можеле да воодушеват многу идни брачни двојки.
Сабота, 31 декември, 2016.
Новогодишен датум, а оваа година тој ќе „падне“ во сабота, што значи дека е идеално време за венчавање за радосен почеток на 2017 година.