Еден турски рецепт за љубителите на ориенални вкусови!
Состојки:
750 гр мелено месо
2 чешниња лук
2 парчиња леб без кора
1 јајце
магдонос
2 лажици сол
масло за пржење
Начин на подготовка:
Потопете го лебот во вода и исцедете го, па раздробете го во чинија.
Додајте ги останатите состојки и добро измешајте.
Обликувајте топчиња со саканата големина и пропржете ги на загреано масло додека не попримат убава боја.
Послужете со свеж зеленчук, помфрит и чили пиперчиња.
На здравје!