Ефикасните средства за отстранување на флеките може да бидат и многу скапи. Исто така нивните состојки можат да ја надразнат кожата.
Сепак, за едно од најефикасните средства за отстранување на флеките не мора да издвоите голема сума на пари, а можете да го направите и сами. Еве и како.
За да го направите ова средство потребно е да измешате половина чаша детергент за садови, една чаша хидроген пероксид ( не појак од 3%) и лажиче сода бикарбона. Состојките измешајте ги и ставете ги во чисто шише со распрскувач. Потоа, средството напрскајте го неколку пати на флеката и почекајте да отстои половина час.
Облеката ставете ја во машина за веш и перете како и обично. По перењето, од флеките нема да остане ни трага!
