Дестинации

Најдоброто тајмлапс видео од Мелбурн

Американскиот фотограф Sam Woosley до неодамна студирал фотографија на Универзитетот RMIT во Мелбурн, при што направил едно воодушевувачко тајмлапс видео од градот.

Woosley поминал повеќе од 100 часа снимајки 8000 фотографии кои го прикажуваат овој австралиски град во најдоброто светло. Иако навидум тоа изгледа како лесна работа, сепак не е така. Неколку пати бил протеруван од полицајци, а и изгубил многу фотографии заради неговиот компјутер кој се расипал.

Но, резултатот од тоа сепак вреди да се види. Погледнете ја градската “џунгла” во Мелбурн и прекрасниот пејзаж.

Напиши коментар