← НАЗАД НА БОЗА

Најефективните вежби за стомачни кои се научно докажани

Најефективните вежби за стомачни кои се научно докажани
389 Читања

Пролетта е на прагот, а по неа доаѓа и долгоочекуваното лето – како и вашите стомачни мускули. Како конечно да ги оформите вашите стомачни мускули и да дојдете до посакуваната фигура? Науката доаѓа напомош!

Ако сакате да оформите стомачни мускули, веројатно сте се обиделе со истоимените стомачни вежби, но дали знаевте дека има вежби кои, научно докажано, се поефективни? Наука? Да, има научни докази кои гарантираат дека ќе добиете стомачни мускули, а кога веќе ќе трошите труд и време, осигурајте се дека ќе имате резултати.

Движете се на пилатес топка

Научниците во ова истражување анализирале осум вежби со пилатес топка и две традиционални вежби за стомачни мускули. Резултатот? Вежбата со пилатес топка прикажана на видеото подолу е најефективна за активирање на горните и долните стомачни мускули, како и за страничните делови.

Вежбајте на вратило

Во едно друго истражување научниците сакаа да откријат која е најефективната вежба за стомачни мускули, а која најмалку го оптоварува долниот дел на грбот. Откриле дека висењето на вратило додека ги движиш нозете исправени ја извлекува максималната активност на сите стомачни мускули.

Возете „точак“

Научниците на Универзитетот во Сан Диего откриле дека вежбата што наликува на возење точак е најефективна за активирање на стомачните мускули. Оваа вежба е чекор погоре од вообичаените стомачни вежби, а исто така и е добра за рацете, затоа што ги движите лактите.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk