Здраво тело

Најлесниот можен начин да ја победите главоболката

Доколку страдате од главоболка оставете ги таблетите против болки и испијте чаша вода. Повременото пиење вода може да ги намали зачестените главоболки и мигрени и да го намали пиењето таблети.

Научниците од Универзитетот во Мастрихт откриле дека седум чаши вода дневно се доволни за да се ублажат болките и да се подобри квалитетот на животот на овие кои страдаат од мигрена.

„Некои кои страдаат од главоболка може да имаат корист од пиење повеќе вода, па разумно е да се препорача пиењето вода. Тие за кратко време ќе забележат подобрување“, рекол Mark Spigt.

Во истражувањето учествувале повеќе од 100 испитаници кои често страдале од тешки или благи главоболки, па Mark Spigt ги советувал како да ги решат проблемите, на пример да внесуваат помалку кофеин или повеќе да спијат.

На една група и е речено дека мора да пие дополнителен литар и половина вода дневно во следните три месеци. Резултатите покажале дека на оние кои што пиеле повеќе вода, најмногу им се подобрила здравствената состојба.

Некои медицинари кои се занимаваат со проблемите на мигрената сметаат дека можеби станува збор за плацебо ефект, но признале дека многу луѓе кои превентивно пијат вода, потоа подобро се чувствуваат.

Напиши коментар