Кога се работи за романтични прибежишта, постои нешто многу привлечно во изолацијата и недопрената убавина на еден остров. Без разлика дали сакате луксузни хотели за меден месец или пуста плажа за романтичен викенд, нема да згрешите со некои од следните дестинации, кои читателите на Traveler ги избраа:
Маврициус, Источна Африка

Лоциран во Индискиот Океан, овој остров е еколошко чудо и одлично луксузно одморалиште. Водата овде е тиркизна боја, а песокот има медова боја. Совршено, нели?
Свети Вартоломеј, Франција

Овој остров е најпознат меѓу познатите фаци, со оглед на тоа дека овде се приредуваат многу гламурозни забави. Најдобро ќе го почувствувате европскиот дух ако седнете во некој од рестораните со врвна услуга или ако се искачувате низ прекрасните карпи.
Санторини, Грција

На Егејското море не постои поубав остров. Санторини е создаден благодарение на вулкан, па поради тоа има драматични карпи, антички урнатини и живописни места, кои го инспирирале Платон за да ја напише Атлантида.
Боракеј, Филипини

Овој остров е толку блиску до тропска идила, што ќе посакате засекогаш да останете таму. Се наоѓа во западниот дел на Филипините и гарантира неверојатни ноќни забави.
Хаваи

Во Хаваи по лудата забава, може да медитирате на огромните зелени пространства. Националниот парк е прогласен за светско наследство според УНЕСКО, а е одличен за авантуристите кои сакаат да го истражуваат островот.
Невис, Свети Кристофер и Невис, Средна Америка

Невис е помал остров од Свети Кристофер, но ова е дијамантот на Карибите. Островот поседува многу убави плажи и шеќерни плантажи, кои ќе направат да се почувствувате како да се наоѓате во рајот.
Вјекес, Порто Рико

Островот Вјекес се наоѓа на 25 минути пат од главниот град Сан Хуан во Порто Рико. Овде ќе најдете мноштво бои за време на неверојатното изгрејсонце и зајдисонце.
Света Луција, Средна Америка

Овде природата не може да биде поубава. Двата вулкански врва уште повеќе ја разубавуваат глетката на јужниот крај на островот. Ова е едно од најпопуларните места за меден месец на Американците.
Мореа, Франција

Овој француски остров на Пацификот е опкружен со бели песочни плажи на кои има дрвени куќички со покриви од слама. Ако сте авантуристи може да го истражувате целиот остров, особено урнатините изградени од првите жители на островот.
Бермуда, Северна Америка

Иако островот се наоѓа во Атлантикот, климата овде е суптропска. Бермуда е мешавина од британската, американската и карипската култура, па е мошне интересно да се посети. Плажите имаат розов песок, па ќе имате чувство дека се наоѓате во некоја земја каде што нема ниту една грижа.
