Замислувањето на професијата и играњето разни улоги е многу важно за детската психа, тврдат психолозите, бидејќи тоа им помага да се идентификуваат со својот пол и да сфатат каде им е местото во нивното опкружување…
Децата веќе околу четвртата односно петтата година покажуваат интерес за нивната професија. На таа возраст, „ пробуваат “ разни професии и ги имитираат родителите. Во почетокот. Во почетокот се идентификуваат со улогите на татко и мајка, девојчињата готват и носат потпетици, а момчињата возат автомобили и го имитираат спортот со кој се занимава. После извесно време ги имитираат професиите кои им се познати. Си играат лекари, мајстори, продавачи…
Сепак, стручњаците укажуваат дека тоа е нормално. Посебно е карактеристично за интелигентните и љубопитни деца кои сакаат да испробуваат повеќе улоги. Родителската улога во тоа е голема, бидејќи токму таа ги формира и ги упатува. Како и да е, секој детски успех треба да биде награден. Причините можат да бидат различни, но најважно е децата да се упатуваат на успешни примери и да им се објасни што всушност истите значат. Успешните спортисти можат да бидат брилијантен пример, доколу децата сакаат спорт.
Иако со текот на времето Вашето дете ќе го менува ставот околу прашањето „ Што сака да биде “ ?, секој од тие избори, поддржете го. Тоа на детето ќе му упати порака дека ќе бидете со него, во зависност од секој негов избор и нема да го осудувате доколку изборот не Ви се допадне. Не забранувајте му на Вашето дете да фантазира. Немојте да се смеете кога измислува приказни или песнички. Неговата фантазија е пат кој води кон неговата вистинска идна професија.
Што сакаат децата најмногу ?
Истражувањата покажуваат дека девојчињата сакаат да бидат учителки, воспитувачки, стјуардеси, пејачки и фризерки, додека момчињата сакаат да бидат возачи, лекари, мајстори или сообраќајни полицајци. Психолозите кажуваат дека за ваквите ставови придонесуваат медиумите бидејќи децата се упатуваат кон она што го гледаат на телевизија. Поради тоа, родителите се советуваат децата да гледаат детски емисии, едукативни програми и неагресивни цртани филмови. Со тоа, нивните врсници ќе придонесат околу нивните желби и нивниот развиток. Не би било лошо во предучилишна возраст да се влијае на тоа со кого ќе се дружат, тврдат стручњаците.