Мојата кујна

Најубавиот десерт без брашно!

Брашното некако секогаш се наоѓа на прво место на списокот на состојки кога правиме колачи. Меѓутоа, тоа не мора да биде така, затоа што постојат многу убави десерти кои не ја содржат оваа “бела смрт”.

Колач од банани и путер од кикирики

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 3/4 овесни снегулки

* 1 филџан бадеми

* 3 големи банани

* 1 голема излупена јаболка

* 1/2 чаша шеќер

* 1/2 чаша кафеав шеќер

* малку екстракт од ванила

* 1 лажиче сода бикарбона

* 1 лажица мед

* 1 чаша путер од кикиритки

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

За ова ќе ви биде потребен блендер. Најпрво добро измелете ги бадемите и овесните снегулки заедно, а потоа додадете ги сите останати состојки, освен путерoт од кикирики. Матете се додека смесата не се соедини. Потоа додадете го путерот од кикирики. Добиената смеса ставете ја во плех на кого претходно сте ставиле хартија за печење, и украсете со парчиња банана. Печете на 160 степени околу 30 минути. Колачот ќе добие убава кора, но внатре ќе остане сочен, вкусен и здрав.

Напиши коментар