Дестинации

Најубавите плажи во Мароко

Опкружен со Средоземното Море од една страна и Атлантскиот Океан од другата, Мароко има прекрасно крајбрежје, кое се простира на неколку илјади километри, пријатна клима и по нешто за сечиј вкус. 

Атлантски брег

На Атлантскиот брег најпосетените плажи се наоѓаат блиску до градовите. Но, има и стотици други места каде што природата останала недопрена. Јужно од Казабланка, златните песоци на Мароко се протегаат по ветровитиот Атлантски брег сѐ до Есауира, во должина од речиси 350 км. Едно од најубавите места е боженствениот залив Дакла, но ништо помалку убави не се ни другите плажи кои се нижат една по друга. Сите тие се гостопримливи и пријатни за релаксирање, пливање и уживање, а ветрот кој дува од североисток создава идеални услови за сите сурферски спортови. Тука се наоѓа и Куалидија, центарот за остриги во Мароко.

post cover photo

Средоземноморски брег

Средоземноморскиот брег, расцепкан помеѓу Тангиер и Ал Хокеима има помали и поинтимни плажи, а морето е топло и мирно. Некои од нив се близу до традиционалните рибарски селца, кои придонесуваат кон идиличната слика која ја прави природата неодолива. На оваа страна ќе најдете и нови туристички ресорти. Во правец кон Андалузија, медитеранскиот брег со бели песочни плажи се протега на 1700 акри површина.

Напиши коментар