Motherhood

Најважното нешто, што му е потребно на едно дете

Облека, играчки, обувки, телефони, првокласни училишта, пелени… На децата всушност им треба само едно и единствено нешто. Љубов!

Ако можеш да му дадеш на тоа кревко суштество во твојот живот љубов, значи можеш да му дадеш се. Ако не можеш да му дадеш љубов, сето друго губи значење.

Ние сме луѓе, луѓе! А луѓето имаат потреба од Љубов, за да живеат. И најголемата мисија во животот ни е од себе да направиме достоинствени и вредни личности.

Но, ајде да не кажуваме многу филозофски мисли. Всушност, сега ќе бидеме поконкретни на овој божем духовен проблем. Затоа што понекогаш треба да се погледне во очи на реалноста, за да се направи првиот чекор во промената на внатрешниот  свет. Само така може да ја промениме и реалноста…

Знаете ли дека децата кои не добиваат љубов, имаат помал мозок од оние кои се радуваат на прегратките и вниманието на родителите?

Звучи страшно, нели? Но тоа е самата вистина. Недостатокот на љубов се одразува врз децата како на психолошко ниво, така и на физичко.

Излегува дека некои зони во мозокот на децата, лишени од љубов, се со значително помал обем. Таква е обично областа одговорна за интелектот, онаа за социјална адаптација или сочувство… Со други зборови – тоа се работите кои не прават комплетни личности. А ако човек ги нема, какво значење има останатото што го има?

Затоа, ако некогаш – дури и за миг, мислиш дека не му даваш доволно на своето дете, само покажи му дека го сакаш. Љубовта ја има во секој од нас и колку повеќе ја подаруваме, толку повеќе ќе ја добиваме.

Write A Comment