← НАЗАД НА БОЗА

Највкусните Нутела ролнички

Највкусните Нутела ролнички
676 Читања
Потребни состојки за тестото:
  • 250 мл млеко
  • 60 г путер
  • 500 г брашно
  • 50 г шеќер
  • ½ лажиче сол
  • 2 лажички квасец во прав
  • 1 јајце
Потребни состојки за филот:
  • 100 г Нутела
  • 2 лажици цимет
Потребни состојки за белиот прелив:
  • 110 г путер
  • 115 г крем-сирење, омекнато
  • 150 г шеќер во прав
  • 1-2 лажици млеко (по потреба)
Потребни состојки за чоколадниот прелив:
  • 50 г Нутела
    Начин на подготовка:

    За тестото најпрво помешајте ги путерот и млекото во еден сад и ставете ги во микробранова. Топете ги на куси интервали, притоа мешајќи ги пред да ги пуштите пак. Правете го ова додека путерот целосно не се растопи и соедини со млекото. Доколку премногу се загреат, оставете ги малку да се оладат, бидејќи е важно смесата да биде топла, но не и премногу жешка.

    Сите состојки потребни за тестото ставете ги во еден сад и почнете да ги месите рачно или со миксер за тесто. Откако ќе направите тесто, покријте го садот со крпа и оставете го 10-тина минути да нарасне.Кога тестото ќе биде спремно, на работната маса фрлете брашно и со сукало направете квадрат од тестото. Потоа намачкајте ја Нутелата и распоредете го циметот еднакво по целата површина.Од тестото направете ролна и со помош на нож или конец за заби исечете ја ролната на парчиња. Ролничките распоредете ги на плех за печење, покријте ги со крпа и оставете ги во топла соба, да отстојат барем 25 минути.Во тоа време рерната пуштете ја на 180 степени Целзиусови. Кога ролничките ќе нараснат, печете ги 15-20 минути, додека не добијат златна боја. Потоа, извадете ги и оставете ги малку да се оладат.

    Во меѓувреме или додека се печат ролничките, можете да ги спремите преливите. За белиот прелив, ставете ги путерот и крем-сирењето во сад и со помош на миксер соединете ги. Потоа додадете го шеќерот во прав и повторно матете со миксерот. Доколку преливот е премногу густ, додадете го млекото.

    Нутелата стопете ја во микробранова печка, ставете ја во шприц и чоколадниот прелив е готов.

    Кога ролничките ќе се оладат, декорирајте со двата преливи одозгора и послужете.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk