ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 600гр пченкарно брашно
* 200мл млеко
* 200гр кајмак
* 125гр путер
* 2 јајца
* 20гр свеж квасец
* 1 лажица шеќер
*1 лажица сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Натрошете го свежиот квасец, додадете го шеќерот и малку млеко, па оставете да скисне.
- Во тањир ставете го брашното, кајмакот, путерот, солта, јајцата, подготвениот квасец со додавење на млеко и замесете меко и воздушесто тесто. Тестото развлечете го со сукало. Од него направете погачици па наредете ги во плех и оставете ги да отстојат еден час на топло место.
- По желба, погачиците премачкајте ги со жолчка.
- Печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час.