Од време на време не е лошо во домот да направиме по некоја ситна промена. Тоа не значи дека треба да потрошиме многу пари, едноставно малите детали знаат да направат значајна разлика.
1. Место за ќебенце
За во оние моменти кога се што сакаме е да се ушушкаме на софата во дневна соба, а не ни се оди до спална соба да земеме ќебе најдобро е да го држиме мекото и топло парче ткаенина во близина на софата, на пример во некоја убава плетена корпа како на фотографијата.

2. Украсно врзување
Машна за врзување на завесите е одлична идеја на убав начин да пуштиме повеќе светло во домот.

3. Полици во бањата
Полиците се многу корисни и убави во секоја просторија па така и во бањата.

4. Функционална фиока за сецкање
Ако планирате промени во кујната задолжително вметнете го ова решение за сецкање. Даска со дупка на средина ќе ви го олесни чистењето бидејќи се ќе паѓа директно во кантата за отпад која е сместена во фиока.

5. Мало освежување
Мебелот можете да го освежите со мали додатоци како што е овој цвет на рачката.

