Art & Crafts

Направете ги сами своите ‘wow’ патичиња

Омилените чизмички наскоро со доаѓањето на топлите денови, ќе им го отстапат местото на лесните чевли, популарните платнени патики.

Доколку стариот пар ви здосадил ние ви носиме одлична идеја како да им подарите ново светлуцаво лице и прошетката низ град да ја зачините со личен печат.

Foto:Zadovoljna

Потребен материјал:

1 пар бели платнени патики

пакет четки

шљокици по избор

самолеплива трака

лепило за ткаенина

пакет гумени апликации во облик на коцка

Foto:Zadovoljna

Постапка:

Истиснете поголема количина на чинија, од двете страни на патиките залепете самолеплива трака. Со четка нанесете обилна количина на лепило на јазикот на патиките и посипете со шљокици додека не ја покриете целата површина намачкана со лепак.

Foto:Zadovoljna

Почекајте неколку минути додека лепакот не се исуши, па постапката повторете ја по страните на патиките и протресете за да ги остраните вишокот шљокици. За да добијат интересен изглед, патиките посипете ги со црни шљокици по површината и пополнете ги празнините.

Foto: Zadovoljna

Интересната коцкасти апликации исечете ги во облик на пирамида, внимавајќи нивната површина да одговара на гумената површина на патиките. Потоа нанесете лепак на него фиксирајте ги апликациите. Оставете неколку минути да се залепи и вашите нови светкави патичиња се подготвени за покажување.

Foto:Zadovoljna

Напиши коментар