← НАЗАД НА БОЗА

Направете го овој тест и дознајте каква мајка сте

Направете го овој тест и дознајте каква мајка сте
636 Читања

Дали се гледате како забавна или грижлива мајка? Можеби децата внесоа дополнителен хаос во вашиот живот, а можеби сте една од оние кои без оглед на сè секогаш изгледаат беспрекорно.

Одговарајте со ДА или НЕ на секое прашање. Потоа добро разгледајте под која буква (А,Б,В,Г) се наоѓаат прашањата на кои имате најмногу „да“ одговори.

А

– Дали нарачувате кратко капучино во кафуле?

– Дали поседувате  многу очила за сонце кои често ги носите наместо венче?

– Дали некогаш сте биле на базен на кој одат и мајки со бебиња?

– Дали вашето дете има повеќе од 3 програми и активности во текот на неделата?

Б

– Дали некогаш сте го однеле вашето дете на кампување и зажаливте штом почна да врне?

– Дали некогаш сте почнале со подготовка на кашичка, на која решивте да и додадете вода и да ја испиете како шејк?

– Дали некогаш сте користеле марама како кенгур?

– Дали и понатаму имате време да ги посетувате пријателките и да одите на фитнес тренинзи?

В

– Дали некогаш сте имале розови прамени?

– Дали и откако станавте мајка одите во клубови и се журкате до рано наутро?

– Дали носите старки?

– Дали вашето бебе има маица Rolling Stones?

Г

– Дали имате црвен кармин во торбата за работите на бебето?

– Дали сакате да носите животински принт?

– Дали уживате во чоколадо и чај исто како што уживате во чаша вино во 5 попладне?

– Дали им се јавувате на пријателките заради бизнис планот кој го имате во глава?

– Дали повеќе сакате патики отколку штикли?

Најмногу одговори под А – Мајка од игралиште

Секогаш добро мирисате, имате сјај за уста и сјаете од задоволство. Сите се сомневаат дека имате многу луѓе кои ви помагаат околу детето и секогаш имате средени нокти. Сите мајки сакаат да пијат кафе со вас, но не само за да ви го разгледаат домот, туку и да ги слушнат најновите трачеви додека им служите добро вино.


Најмногу одговори под Б – Секси еко мајка

Секогаш ги терате другите да се чувствуваат виновни затоа што не знаат доволно добро да си го чуваат детето како вас. Ваша работа како мајка е да го учите детето да остане во добра кондиција и да се храни здраво. Често го учите за здравата исхрана и поставувате добри примери дури и на туѓите деца.


Најмногу одговори под В – Рокенрол мајка

Вашиот сопруг најверојатно се занимава со музика или нешто креативно. Пријателите ви се секогаш расположени. Никогаш не можете да излезете од дома ако не сте дотерани, со црвен кармин и некое тренди парче на вас. Најголемата забава за вас се случува откако детето ќе заспие.


Најмногу одговори под Г- Мајка која може сè

Ако спаѓате во оваа група, веројатно сте под голем притисок. За вас не е доволно да бидете само добра мајка. Вие морате да бидете секогаш средени и претерано горделиви. Не гледате зошто децата би ви биле препрека, носите 2 броја помала облека по породувањето и трчате маратон за својата компанија. Добра пријателка сте и инспирација за секоја мајка.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk