Art & Crafts

Направете освежувач за просторот со мирис по ваша желба

Потребни состојки:

2 чаши вода

1 пакетче желатин во листови

15 до 20 капки етерично масло по избор

1 до 2 лажички сол

Боја за храна

Упатство:

–          Во еден сад измешајте ги водата, етеричното масло и бојата за храна и загреете ги. Штом ќе зовриат тргнете ги од оган.

–          Растопете ги желатинот и солта, па додадете ја и втората чаша со ( ладна )вода. Убаво промешајте, но внимателно за да не се створи пена.

–          Ставете ја смесата во стаклени садови и оставете неколку дена за да се зачврсти желатинот. Откако ќе се олади стаклениот сад, можете да го затворите со некој поклопец или да го отворите по желба доколку сакате мирисот да се шири во вашата просторија.

Напомена:

Стаклените садови мора да бидат во потполност чисти пред  да го ставите мирисното желе во нив.

Write A Comment