Art & Crafts

Направете плетен ѓердан

Време е да се подготвите и да го освежите вашиот изглед со нешто ново.

Не ги трошете парите – постои лесен начин да направите прекрасен ѓердан со само малку труд.

Земете парче облека кое не го носите и претворете го во нешто што ќе го употребувате.

Исечете стара маица (или каква било ткаенина) на неколку траки – колку повеќе траки толку ѓерданот ќе биде подебел и пополн. Убаво истегнете ги, соберете ги краевите од сите траки и сплетете ги во плетенка.

Соберете ги краевите и спојте ги со дополнително парче ткаенина.

И тоа е сè – вашиот едноставен ѓердан е готов!

Можете да додадете и бисерчиња, дополнителни синџирчиња, и да комбинирате повеќе ткаенини во различни бои. Еве неколку идеи:

Напиши коментар