Art & Crafts

Направете природен дезодоранс без штетни хемикалии

Купечките дезодоранси можат да бидат агресивни за чувствителната кожа и да предизвикаат црвенило и иритација.Освен тоа, голем број дезодоранси содржат алкохол кој ги уништува бактериите и спречува нивно размножување, а со тоа ја неутрализира миризбата, но алкохолот исто така ја уништува кожата!

Природата ни нуди намирници со антибактериски својства кои ја извршуваат истата функција како алкохолот, а притоа не ја оштетуваат здравата кожа!

Погледнете како да го замените купечкиот дезодоранс со природен, кој не содржи штетни агенси.

Лиметата и лимонот имаат антибактериски својства. Притоа, нивниот мирис долго останува на кожата и дава чувство на свежина. Исечте го лимонот или лиметата на половина и протријте го пределот на пазувите.

Рузмаринот е уште еден природен производ кој може да ни помогне во елиминацијата на непријатната миризба.

Измешајте една лажица сода бикарбона, 2 лажици пченкарен скроб (густин), неколку капки маслиново масло и неколку капки есенцијално масло од рузмарин и ќе добиете природен дезодоранс.

Кокосовото масло претставува вистински дар од природата. Од него може да направите многу ефикасен и здрав дезодоранс.

Состојки:

3 лажици кокосово масло

3 лажици сода бикарбона

2 лажици шеа путер

Есенцијално масло по избор

Упатство:

Растопете ги шеа путерот и кокосовото масло на пареа. Потоа, додадете сода бикарбона. Кога течноста ќе се олади додадете есенцијално масло, ставете ја мешавината во истрошена кутија од дезодоранс во стик и оставете целосно да се олади и да се зацврсти. Втријте од дезодорансот пред да излезете од дома. Во допир со кожата структурата ќе се стопи како крема која лесно ќе ја нанесете на пазувите.

 

Write A Comment