Овој сапун е одличен ако имате чувствителна кожа. Својствата на невенот и камилицата се користат многу одамна за смирување на кожата.
Потребни состојки:
60 гр бебешки сапун,
100 гр пчелин восок,
20 гр невен,
20 гр камилица,
50 мл бадемово масло,
50 мл дестилирана вода,
Невенот и камилицата ги исипуваме во тегла и ги полеваме со маслото. Така треба да отстојат 2 дена, а потоа се процедува.
Сапунот се ренда и се топи на пареа заедно со восокот, после што се додава процеденото масло.
Ја додаваме постепено дестилираната вода и мешаме се додека смесата добро не се изедначи. Ја исипуваме смесата во калапи и оставаме да се втврдне.