Art & Crafts

Направете сами: држачи за свеќи со волница

Денеска ќе ви дадеме еден многу интересен предлог како да го декорирате вашиот дом со неколку декорации кои може да ги направите сами, кои не бараат многу време и средства.

Во продолжение, како да ги направите важите едноставни држачи за свеќи да изгледаат прекрасно.

Потребно ви е:

– обични стаклени држачи за свеќи

– свеќи

– волница во бела боја

– двостран селотејп или обичен течен лепак

Инструкции:

Доколку имате двостран селотејп обмотајте ги стаклените држачи со него, ако пак немате, тогаш ставете тенок слој од течниот лепак.

Започнете да ја замотувате волницата околу држачите. Прво еден ред вертикално, а потоа продолжете хоринзонтално, оставајќи ги двата краеви подолги и слободни за да може да крај да ги врзете.

sveki-volnica-1

Ве советуваме мотањето на волницата да не го правите да биде симетрично и совршено, затоа што подобро изгледа кога е малку неуредно.

sveki-volnica2

Write A Comment