Зимата, веќе пристигна. За среќа, со плетење можеме да создадеме топло и згодно ќебе кое ќе нè грее во текот на долгите и студени зимски ноќи. Плетење? Тоа ви звучи страшно? За среќа, постојат луѓе кои прават и вакви туторијали па нема потреба за грижи.
Погледнете:
Користете селотејп за да ги изострите краевите на ПВЦ цевките

Користете ги вашите нови игли за плетење исто како што би ги искористиле и нормалните (едно прави, две опачини) . Околу 24 јамки би требало да се доволни за да направите совршено ќебе.

Запечатете ги рабовите така што ќе го користите крајот на “кабелот” и ќе го вденувате внатре и на надвор низ јамките кои го создаваат крајот.

Потоа, кога ќе останете без конец ќе врзете лабав јазол на крајот.

Последниот чекор му дава поголема јачина и издржливост на ќебето, бидејќи така треба да се одржи во едно место.
Погледнете го целосното видео:
