Обоите ги тегличките за цвеќе во морско сини нијанси. И украсете си го домот.

Постапка:
Со сунѓер обоете ја цела лимена тегличка во бела боја.

Кога бојата ќе се исуши, залепете леплива лента околу тегличката и обоете ја во сина нијанса.

Пазате да не ги обоите рабовите на лентата. Кога и тој слој боја ќе се исуши, повторно залепете ја лепливата лента околу тегличката и обоете во посветла или потемна нијанса на сина боја.
Во тегличката посадете цвеќе или ставете мал букет.
