Перничињата често се користат како предмет за истакнување и како декоративен елемент во домовите. Затоа ги има во сите форми и големини, како и со различни и интригантни мотиви.

Овие перничиња на пример може да додадат малку француски шарм во просторот поради својот оригинален изглед. Овој сет од три перничиња е рачно изработен од памук и декориран е со многу оригинален мотив.

Покрај својот прекрасен изглед, перничињата кријат и мала тајна: имаат посебно полнење од цвет од лаванда со што дополнително го освежуваат просторот и му даваат убав мирис. Тие се мали и може да се употребуваат секаде каде што сакаме да внесеме нешто свежо, во спалната соба, во детската, па дури и во автомобилот.

