Art & Crafts

Направете сами позлатена вазна

Златото има божествен, сончев и царски карактер. Ако и вие ја обожавате оваа боја, ви нудиме да си направите вазна со златни акценти.

Потребен ви е само златен спреј, стаклена/керамичка вазна, хартиена трака или налепници.

Начин на правење:

Облепете ја со трака вазната, за да ја добиете шарата која ја сакате. Со златен спреј рамномерно напрскајте ја вазната. Внимавајте да не се фокусирате премногу на една област.

Бавно одлепете ја траката. Ако случајно има размачкани места, исчистете ги со одсранувач на лак за нокти.

Наполнете ја вазната со вашите омилени цвеќиња.

Напиши коментар