Ако сакате да направите сопствен омекнувач на алишта кој ќе биде сигурен за вас и вашата околина плус ќе биде евтин и функционален го имаме вистинскиот рецепт за вас.
Состојки:
- 100 грама сода бикарбона
- 150 милилитри топла вода
- 800 милилитри алкохолен оцет (може и јаболков)
- Етерично масло по желба
Подготовка:
Измешајте ги водата и оцетот и полека додавајте сода бикарбона постојано мешајќи. Причекајте да заврши реакцијата која може да биде многу бурна (ќе пени).
Смесата сипете ја во друга амбалажа во која ќе го чувате вашиот омекнувач. Тоа може да биде старо шише од шампон или слично.
Додадете неколку капки етерично масло, затворете го шишето и се добро промешајте.
Можете да користите и комбинација од етерични масла како лимон и лаванда или чајно дрво и еукалиптус.
Облеката ќе биде навистина мека на допир па дури и свиленкаста.
