Еве еден креативен начин со кои школките кои сте ги собирале може да ги претворите во држачи на миризливи свеќи.
За да го направите тоа ќе ви требаат неколку школки со иста или различна форма и восок за свеќи со мирис по ваш избор (цимет, цвеќе, овошје).
Инструкции:
Исчистете ги целосно школките. Во еден сад на средна температура истопете го восокот.
Внимателно турете од восокот во школките и наполнете ги скоро до врвот.
Оставете ги школките околу 1 час, или додека да се стврдне восокот.


