Здраво тело

Направете си природен лек против грип и настинки!

Ви претставуваме еден природен рецепт со кој можете да ги победите вирусите и настинките и да си ја вратите потребната енергија.

Потребни состојки:

ленено масло
лимон
мед
главица лук

Начин на подготовка:

Најпрво лимунот го миеме и го лупиме во комбинација со лукот, а потоа ги ставаме во блендер и додаваме малку масло од ленено семе и мед по желба.

Потоа оваа смеса треба убаво да се соедини, а откако ќе се направи тоа во блендерот, сместа ја ставаме во стаклен сад и ја чуваме во фрижидер.

Начин на користење:

Овој природен лек се конзумира секој ден по една лажица, половина час пред секој оброк, значи пред појадок, ручек и вечера.

Резултатите ќе ги почуствувате уште во првата недела од користењето, а овој микс е добар за овој период од годината кога настинките и групот се најчести.

 

Напиши коментар